ВИДЕО: Су-25СМ на маневри, поглед од пилотската кабина

Руските јуришни авиони летаа со брзина од 700 до 750 километри на час на висина од 200 до 2500 метри.

Авиони Су-25СМ на обединетата руска воена база стационирана на територијата на Киргизија користеа авијациски бомби и ракети од класата „воздух-воздух“ во текот на летечко-тактичките вежби, кои се завршени на еден од воздухопловните полигони во планините на средна Азија, пренесуваат руските медиуми.

Руските јуришни авиони Су-25СМ во задачата уништија со авијациски бомби цели кои симулираа команден пункт на условниот непријател и увежбуваа ракетен напад врз „противничките“ колони со техника. Авионите летаа со брзина од 700 до 750 километри на час на висина од 200 до 2500 метри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња