Школските летови беа реализирани на небото во Калининградската област од чии аеродроми во воздухот се вивнаа повеќенаменските ловци Су-30СМ и фронтовските бомбардери Су-24М.
Овој сложен елемент го увежбуваа повеќе од десет авиони на морнаричката авијација на Балтичката флота. Полнење на авионите со гориво во воздух беше вршено како дење, така и ноќе, индивидуално и во парови.
Полнењето со гориво на авионите во воздух е задолжителен дел од подготовката на пилотите на морнаричката авијација. Таа вештина овозможува да се изврши задачата на голема оддалеченост од местото на базирање.
Авионите беа полнети со гориво од воздушен танкер Ил-78 на Воздушно-космичките сили на РФ кој стигна од Централниот регион на Русија при брзина од 500 километри на час. Овие елементи на летачката обука на екипажите на морнаричката авијација редовно се изведуваат најмалку двапати годишно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче