Руските Воздушно-космички сили го примија во состав на своето вооружување првиот сериски ловец од петтата генерација Су-57, соопшти за РИА „Новостиˮ извор запознаен со ситуацијата.
Како што изјави директорот на „Ростех“ Сергеј Чемезов, Воздушно-космичките сили претходно добиле пробна партија од десет Су-57. Во рамките на договорот потпишан летото 2019 година, војската треба да добие вкупно 76 летала од овој тип.
Првиот авион од сериското производство Министерството за одбрана на РФ требаше да го добие уште кон крајот на минатата година, меѓутоа ловецот претрпе несреќа кај Хабаровск во текот на пробните летови. Се претпоставува дека резултатите од работата на комисијата која ги проучи околностите на несреќата ќе бидат искористени за унапредување на леталото.
Су-57 (претходно познат како ПАК ФА) е ловец од петтата генерација наменет за уништување на сите типови воздушни, копнени и водени цели. Првиот лет го изведе 2010 година. Су-57 има исклучителни маневарски способности, најмодерен систем на радиоелектронска опрема и слаба забележливост на радарите (стелт-технологија).
Ловецот во моментов има мотор од „прва фаза“ – „модел 117“, кој веќе влезе во сериско производство. Моторот од „втора фаза“ според ефикасноста на потрошувачката на гориво и специфичниот потисок ќе биде подобар од „моделот 117ˮ. Работата над него би требало да биде завршена во 2022 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче