Стручњаците на Радио-техничките сили открија на оддалеченост од околу 15 километри цел со мали димензии и мала брзина на мала висина. Припадниците на Радио-техничките сили по итна постапка ја испратија информацијата за локацијата и координатите на леталото до командниот и дежурниот пункт, а исто така испратија податоци за целта до единицата на борбено возило „Панцир-С1ˮ, кое изведе електронски гаѓања и успешно ги уништи воздушните цели во вид на беспилотни летала.
„Главната задача беше воспоставување механизми на информациона поврзаност меѓу елементите на борбениот распоред: командните пунктови, радарските средства и убојните средства за уништување воздушни цели на симулираниот непријател кои дејствуваат на мали и исклучително мали висини, на зададени борбени линии и растојанија“, изјави началникот на Радио-техничките сили на авијациските единици на ЦВО полковник Рамиљ Зиганшин.
На денот на одбележувањето на 69-годишнината од основањето на Радио-техничките сили единиците на радарските системи спроведуваат непрекината контрола над воздушната ситуација во своите зони на одговорност, соопшти прес-службата на ЦВО.
Во состав на вооружувањето на Радио-техничките сили на ЦВО се наоѓаат современи станици и системи за радарско откривање „Небо-Мˮ, „Небо-У, „Подлет-К1ˮ, „Кастаˮ, „Гамаˮ, „Терекˮ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче