Американски медиуми: Во споредба со „Калашников“, американската М16 е „принцеза на зрно грашок“

Слободан Ѓукиќ
Американските медиуми го анализираа искуството од примената на пушката М16 и советскиот „Калашников“ АК-47. Според мислењето на експертите, користењето несигурно оружје од страна на САД во борбените дејствија довело до загинување на многу американски војници. И тој проблем е и понатаму актуелен. Авторот на статијата притоа се прашува зошто најбогатата земја на светот не им обезбеди на своите војници поквалитетно оружје.

Списанието The Atlantic наведува два симптоматични примери од различни историски периоди. Во јуни 1969 година во планините на Јужен Виетнам американска батерија била нападната од Виетнамци, вооружени со „Калашников“ АК-47, кои магазинот ги опишува како „фасцинантно сигурни и отпорни автоматски пушки“.

По повеќечасовно искачување по кал во планината противникот отворил оган од АК-47, додека американските пушки ги изневериле своите сопственици. Во текстот се споменуваат тројца војници кои останале убиени врз расклопените пушки кои се обиделе да ги исчистат, затоа што се заглавиле во текот на борбата.

Слична ситуација се случила во јуни 2008 година при судир со Талибанците на контролен пункт во близина на селото Ванат во Авганистан. Американските војници користеле М4, лесна верзија на пушката М16. Притоа се покажало дека поради скратената цевка М4 е помалку ефикасна во борба на големи растојанија. Но, главниот проблем, според зборовите на преживеаните војници, бил во тоа што пушките се прегревале и заглавувале. Тогаш загинале девет американски пешадијци.

За баксузните пушки авторот на текстот без заобиколување вели дека не се „никакви“. Поради тоа што бара комплицирано одржување и нега, тој ја споредува американската пушка со изискувачката „принцеза на зрно грашок“. Авторот притоа се прашува зошто најбогатата земја на светот не им обезбеди на своите војници поквалитетно оружје.

Во текстот се наведуваат интересни податоци. 70% од американските војници загинати во Втората светска војна биле припадници на пешадијата. Во подоцнежните судири овој показател бил дури 80%. 

При судирот со непријателот војникот има само дел од секундата прв да отвори оган. Од сигурноста, ефикасноста и прецизноста на неговото оружје во тој момент ќе зависи неговиот живот, така што и најмалиот недостаток на пушката станува кобен. 

Опишувајќи ги проблемите на пушките М16 и М4, магазинот истакнува дека затворачот кај нив слободно се поместува во механизмот на пушката, така што правот, валканиците и остатоците од барут можат да доведат до заглавување на оружјето. Според процената на The Atlantic, брзината на стрелба на автоматската пушка „Калашников“ е значително поголема отколку кај наведената американска пушка.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња