Кој е поголем: Рускиот „Армата” во споредба со другите современи тенкови

Сергеј Фадејчев/TASS
Најновиот руски тенк Т-14, направен врз основа на тешката унифицирана платформа „Армата”, значително е поголем од другите руски Т-72Б3, Т-80У и Т-90А.

Се работи за тоа дека претходно руските тенкови имаа компактна внатрешна структура, додека кај Т-14 се применети потполно нови принципи за сместување на екипажот. Како што е познато, кај „Армата„ возачот, нишанџијата и командирот се наоѓаат во предниот дел на тенкот, во добро заштитено одделение кое исто така се нарекува „капсула“. Екипажот има прилагодливи седишта и клима-уред. Што значи дека е направено максимално за подобрување на условите за војниците.

Покрај тоа, значително е унапредена заштитата на тенкот, вклучувајќи ја заштитата од мини и распрскувачки бомби. Изолацијата околу муницијата значително ги зголемува шансите за преживување на екипажот во случај да биде погодено спремиштето за муниција.

Ако ги споредиме димензиите на Т-14 со тенковите од други земји, гледаме дека кинескиот „Тип 99“ е во суштина унапредена верзија на советските тенкови од втората повоена генерација. Не е тајна дека елементи на погонот, топовите и автоматот за полнење на цевката е преземен од советскиот Т-72. Украинскиот „Оплот” е, од друга страна, и покрај модернизираниот изглед, само значително унапредена варијанта на Т-80УД од 80-тите години.

Американскиот М1А2 Abrams и германскиот Leopard 2 во бочна проекција не се многу помали од „Армата“, но притоа се значително потешки, мобилноста им е послаба, додека можностите за нивна понатамошна ефикасна модернизација се практично исцрпени.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња