Модернизиран тенк Т-72Б3М
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressТенкот Т-72 се појави 1971 година и оттогаш се произведени преку 20000 машини. Првата модернизирана верзија Т-72А беше претставена 1979 година, а потоа следеа и други обновени верзии.
Најновата модернизација на рускиот тенк ја оцени аналитичарот на весникот „Национален Интерес“ (The National Interest) Питер Сучиу. „Руската армија ја доби последната партија Т-72Б3М. На тие тенкови им е извршен цел комплекс значајни модернизации“, истакнува тој.
Сега овој тенк има помоќен мотор, усовршен систем за управување со огнот и автоматски обележувач на целта, како и електронски системи за управување. Обновени се практично сите системи, вклучувајќи ги маневарските можности, огнената моќ и заштитата на тенкот.
„Стручњаците примениле технички решенија кои значително ги зголемуваат ефикасноста и сигурноста на тенковите од времето на Студената војна. Со овие дополнувања, како што изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, Т-72Б3М може да ја „засени странската конкуренција’“, додава Сучиу.
„Т-72“ е воведен во експлоатација кога во СССР на власт беше Леонид Брежнев, а во САД Ричард Никсон. Сегашниот тенк во верзијата Б3М е подготвен за современи судири и за секој предизвик на 21 век“, заклучува американскиот аналитичар.
Верзијата на тенкот Т-72Б3 за извоз ја носи ознаката Т-72МС. Русија ѝ донираше на Србија триесет такви тенкови во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателите Владимир Путин и Александар Вучиќ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче