Американците предупредуваат: Извозната верзија на тенкот Т-72Б1МС „Бел орел“ може да стане хит

Сергеј Аверин/Sputnik
Во склад со оваа процена американските експерти ги анализираа тактичко-техничките параметри на рускиот основен тенк Т-72Б3 и неговата експортна верзија Т-72Б1МС „Бел орел“.

„Национален Интерес“ пренесува дека „руските основни борбени тенкови Т-72Б3 се најсмртоносната верзија на тенк која е произведена врз база на легендарниот Т-72“. Притоа американскиот весник наведува дека овој ефикасен и прогресивен тенк е значително поевтин од верзиите на тенкот Т-90, вклучувајќи ја и последната модификација на тенкот Т-80.

Според мислењето на авторот на публикацијата, модернизираната верзија на тенкот Т-72 има голем потенцијал за примена во армиите ширум светот, со оглед на навистина големата количина на овие тенкови кои и понатаму се наоѓаат во оперативна употреба. Меѓутоа, во овој момент верзијата на тенкот Т-72Б3 активно ја користат само војските на Русија и на Белорусија. Меѓутоа, експортната верзија на овој тенк, која ја носи ознаката Т-72Б1МС „Бел орел“ и која во голема мера содржи пакет опрема поврзан за стандардот Б3, може значително да ја измени ситуацијата.

На двете модернизирани верзии на тенкот Т-72 е монтиран нишански систем „Сосна-У“ со усовршен систем за управување со огнот и термовизија. Покрај тоа, Т-72Б1МС поседува панорамски нишан за командирот на тенкот ПК ПАН „Соколово око“. Употребата на овој оптоелектронски систем му овозможува на екипажот на тенкот Т-72Б1МС да стекне далеку подобра ситуациска свест на бојното поле. Авторот на публикацијата напоменува дека сличен систем се наоѓа и во опремата на модернизираниот тенк Т-90М.

Меѓутоа, според американскиот интернет-портал „Национален Интерес“, експортната верзија на тенкот Т-72B1МС е сепак значително послаба од верзијата Т-72Б3 кога станува збор за квалитетот на оклопната заштита. Имено, неговата пасивна оклопна заштита која се состои од системот „Контакт-1“е поинфериорна од системот „Контакт-5“ и особено од „Реликт“, кои се наоѓаат во руските основни борбени тенкови. Оваа разлика според американските автори настанала  поради тоа што за извозната верзија на тенкот Т-72B1МС  се интересираат војски од Јужна и Централна Америка. Во условите кои владеат во овие земји, а тоа се непрегледни џунгли и ридести терени, поважно е да се има многу поквалитетен оптоелектронски систем со термовизиски нишан. Исто така, државите кои се наоѓаат на територијата на Јужна и Централна Америка, Африка и сл., немаат тенкови и друга противтенковска муниција кои можат посериозно да ја загрозат модернизираната верзија на тенкот Т-72B1МС. Негова експлоатација е далеку полесна, а со самото тоа и поевтина, кога е намалена тежината на тенкот, така што не е неопходно значително да се зголемува силата на моторот, што пак ги зголемува неговите вкупни трошоци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња