„Уралвагонзавод“ разви уште посовршен пакет за тенкот Т-72 кој ја носи ознаката Т-72Б4

Григориј Сисоев/Sputnik
Тенковите и понатаму остануваат главната тупаница на копнените сили, па затоа не е изненадувачки што многу земји издвојуваат пари за да купат нови тенкови или да ги модернизираат старите по долг период на експлоатација. Неодамна се појавија информации дека Република Ерменија е заинтересирана за радикално модернизирање на своите тенкови Т-72Б во Русија до стандардот Т-72Б4. Што точно претставува овој стандард на модернизација и кои се неговите разлики во однос на Т-73Б3, прочитајте во текстот.

За оваа верзија на тенкот за весникот РГ зборуваше познатиот експерт за оклопни борбени средства Алексеј Хлопотов. Тој напомена дека основните борбени тенкови Т-72 кои се наоѓаат во состав на вооружувањето на ерменската војска припаѓаат на верзијата на тенкови која беше актуелна во првата половина на 80-те години од минатиот век. Според него, сосем логично е што таа држава се обратила до Русија за помош во модернизацијата на овие тенкови, со оглед дека руските претпријатија веќе со децении акумулираат сериозно искуство во модернизацијата на тенковите.

„Токму модернизираните тенкови Т-72Б3, а не Т-90, го претставуваат ’рбетот на тенковскиот возен парк на руската армија“, истакнува Хлопотов. „Моменталната верзија на тенот сериски се модернизира и ја носи ознаката Т-72Б3. Оваа варијанта на тенкот се истакнува со подобрени борбени карактеристики кои популарната 72-ку во целост ја приближуваат до поновата генерација тенкови Т-90. Таа во суштина претставува кардинално унапредување на системот за управување со огнот кое е постигнато со интеграција на повеќеканалниот нишански систем „Сосна-У“, уредите за автоматско следење на целта, како и новиот стабилизатор на основното вооружување“.  

Воениот експерт исто така додаде дека оваа верзија на тенкот го поседува модернизираниот топ 2А46М-5-01 кој се карактеризира со зголемено ниво на прецизност во однос на неговите претходни модели, со способност да истрелува поткалибарни пенетратори со голема пробојност 3БМ-48 „Свинец-1/2“. Во моментов оваа муниција нема пандан во светот кога е во прашање борбата против оклопни  борбени средства. Благодарение на својата голема брзина и исклучително згуснатиот состав, ваквите проектили имаат голема пробојна моќ  (3БМ-48 „Свинец“ пробива околу 600 мм оклоп на далечина до 2000 метри) .

Оклопната заштита е зајакната со вградувањето на реактивниот оклоп од трета генерација „Реликт“, која е поставена на најчувствителните делови на тенкот. Тука се наоѓаат и противкумулативните решетки кои го штитат отсекот каде што се наоѓа моторот.

Подобрени се и динамичките карактеристики на тенкот во однос на претходните модели. Вграден е новиот дизел мотор В-92С2Ф кој генерира сила од импозантни 1130 коњи.

„Една од потенцијалните верзии на модернизацијата на тенкот Т-72Б која требаше да биде во состав на руската армија предвидуваше вградување на дополнителен панорамски термовизиски нишан за командирот на екипажот, кој значително ја зголеми способноста за набљудување на околниот терен и пронаоѓање на целите. Оваа верзија на тенкот го доби неофицијалниот назив Т-72Б3М или Т-72Б4, и произведени се само 30 единици од овој тенк. Овие тенкови првенствено се употребувани на меѓународното армиско натпреварување „Тенковски биатлон“, истакнува Хлопотов.

Меѓутоа, оваа верзија на тенкот не заживеа поради многу поголемата конечна цена која би се добила со вградување на овој панорамски нишан. При модернизацијата на ерменските тенкови со нов стандард, најверојатно токму поради оваа причина нивните тенкови ќе се модернизираат до нивото Т-72Б3, кое е повеќе од доволно за да се обезбеди значителен квалитативен скок на вкупните борбени потенцијали на оклопните единици на ерменската армија (конечно и руските оклопни единици се опремуваат со верзијата на тенкот Т-72Б3).

Според пишувањето на весникот „Регнум“, за оваа верзија на тенкот е заинтересирана и Србија која како подарок од Русија ќе добие 30 единици Т-72Б3.

Погледнете го Т-72 - најдоброто од СССР

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња