Руската војска добива стотици тенкови и борбени возила на пешадијата од најнова модификација

Борбено возило на пешадијата БМП-2М со борбен модул „Бережок“ на демонстрација на механичките и борбените можности на полигонот Алабино во рамките на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2019“.

Борбено возило на пешадијата БМП-2М со борбен модул „Бережок“ на демонстрација на механичките и борбените можности на полигонот Алабино во рамките на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2019“.

Михаил Воскресенски/Sputnik
Министерството за одбрана на РФ објави информации за испораките на современа оклопна техника за руската војска.

Како што е планирано, до крајот на оваа година на Копнената војска (не сметајќи ги Воздушно-десантните единици, крајбрежните трупи и морнаричката пешадија на Воената морнарица), ќе бидат доставени 120 тенкови од најновата модификација Т-72Б3М, повеќе од сто борбени возила на пешадијата БМП-3, како и повеќе од 60 модернизирани БМП-2 со борбен модул „Бережок“ (на тој начин борбената моќ на оклопното возило се зголемува двојно). 

Војската ќе добие повеќе од 500 оклопни оклопни транспортери БТР-82А и БТР-82АМ, како и оклопни возила „Тајфун“ и „Тигар“ опремени со модул „Арбалет-ДМ“ на далечинско управување. Модулот ги следи целите сам, операторот треба само да укаже на нив и да даде команда за отворање оган.

Во редовите на руската војска пристигнуваат и повеќе од 35 самоодни хаубици „Мста-С“, триесет повеќецевни ракетни лансери „Торнадо Г“ и „Торнадо С“, како и 23 влечни моторни чамци за воени понтони. Овие моќни ударни системи се наменети за уништување на стратешки воени објекти, артилериски и минофрлачки батерии, противтенковски средства, системи за ПВО и ПРО, како и непријателска жива сила. Важна предност на самоодните хаубици е можноста за избор на цели и наведување на орудието, како со помош на специјални автоматизирани системи во центарот за управување на командирот на батеријата, така и директно во борбениот отсек на борбеното возило.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња