Евгениј Марчуков, генерален конструктор и директор на конструкторското биро „А. Љулка“, филијала на ОДК-УМПО, раскажа за ТВ „Ѕвезда“ кои се предностите на моторот од „втората етапа“ на Су-57.
Според главниот конструктор, новото „срце“ на Су-57 нема ништо заедничко со својот претходник. „Создаден е специјално за овој ловец и дури е и малку понапреден од петтата генерација. Би било поправилно да го опишеме како претставник на генерацијата 5+. Неговите основни предности се специфичниот потисок, специфичната потрошувачка и специфичната тежина“, пишува „Росијскаја газета“.
„Ниеден друг мотор во светот не произведува толку специфичен потисок“, вели Евгениј Марчуков. Тој додава дека нема смисла да се создава мотор со поскромни карактеристики, бидејќи неговиот животен век е од 30 до 50 години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче