„Национален Интерес“ импресиониран од вооружувањето на новата руска подморница „Волхов“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во составот на руската Воена морнарица влезе новата дизел-електрична подморница „Волхов“ од проектот 636.3 „Варшавјанка“ (според класификацијата на НАТО - Kilo II). Во САД подморниците од оваа класа го добија прекарот „Црни дупки“ и според авторот на „Национален Интерес“ Питер Сучиу имаат „навистина импресивно вооружување“.

„Волхов“ е втората во серијата нови неатомски подморници што се градат за руската Тихоокеанска флота. Минатата година таа ги помина возните испитувања, сите нуркања беа извршени успешно, системите и механизмите работеа нормално во целосна согласност со наведените работни карактеристики, пишува „Росијскаја газета“.

Како што забележува авторот, подморниците од овој проект се наменети за противбродски и противподморнички операции во крајбрежните води.

„Благодарение на својот робустен труп, „Црните дупки“ имаат работна длабочина од 240 м и можат да нуркаат до максимална длабочина од 300 м. Опсегот на дејство на овие подморници е до 7,5 илјади милји. Ги сметаат за едни од најтивките подморници во светот и можат да развијат брзина до 20 јазли. Автономијата на пловидбата е 45 дена“, пишува Сучиу.

Сепак, највпечатливо, според авторот, е вооружувањето на подморницата.

„Волхов“ носи крстосувачки ракети „Калибар-ПЛ“, кои под вода се лансираат од торпедните апарати. Покрај тоа, подморницата е опремена со современи радарски системи, сонари и 533-мм торпеда. Тоа е навистина импресивно оружје. „Црните дупки веројатно можат да научат нови трикови“, пишува колумнистот.

Вкупно Тихоокеанската флота треба да се дополни со шест дизел-електрични подморници од проектот „Варшавјанка“. Првата е „Петропавловск-Камчатски“, а во моментов се градат „Магадан“ и „Уфа“.