„Национален Интерес“ објави статија под наслов „Запознајте ги руските подморници од класата „Бореј“: Тие за неколку минути можат да уништат цели земји“.
Во текстот се зборува за нуклеарните подморници од класата „Бореј“ и „Бореј-А”.
Авторот на статијата потсетува дека тие би требало да ги заменат подморниците од класата „Тајфун” и „Делта-IV” (според советската класификација „Ајкула” и „Делфин”).
Повикувајќи се на експертот Х. И. Сатон, авторот пишува дека првите подморници биле направени врз основа на незавршените проекти на нуклеарните подморници „Штука-Б” и „Антеј”. Меѓутоа, „Бореј-А” е целосно нов проект.
Практично непроменети се само габаритите на нуклеарната подморница. Таа е опремена со влечен сонар и има поинаква конструкција која овозможува подобри маневарски способности и ја намалува бучавоста при движење.
Но, она поради што новата нуклеарна подморница се смета за посмртоносна не е нејзината нечујност, туку нејзините ракети, истакнува авторот.
„Бореј-А” ќе носи 16 ракети. Секоја од нив веројатно ќе има до 10 боеви глави и максимален дострел од околу 9300 километри.
Ракетата има исклучителни маневарски способности и во текот на летот може да биде пренасочена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче