Руска подморница. Илустрација.
SputnikНа снимката направена од внатрешноста на подморницата може да се види подготовка на противбродска ракета „Гранитˮ за лансирање. Врз основа на она што го зборуваат членовите на екипажот, може да се заклучи дека подморницата врши брзо нурнување, при што симулираната цел се наоѓа на растојание од 329 километри. По одбројувањето следи испукување на ракетата.
Претходно Северната команда на американските Вооружени сили соопшти дека руска подморница изнурнала во близина на бреговите на Алјаска.
Руското Министерство за одбрана објасни дека ракетниот крстосувач „Варјагˮ и подморницата „Омскˮ во Беринговото море извеле заеднички гаѓања на морски цели. Рускиот воен ресор повеќе пати соопшти дека неговите бродови строго ги почитуваат меѓународните правила на пловење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче