Мешовита руско-турска воена колона во Сирија покривана од Ми-35 на маршрута долга 210 километри

Слободан Ѓукиќ
Руските и турските војници реализираа заедничко патролирање по комуникацијата М-4 која се наоѓа на сириско-турската државна граници, на крајниот североисток на оваа арапска република. Вкупната должина на зоната на патролирање изнесуваше 210 км. Целата група од воздух ја покриваат борбено-транспортни хеликоптери Ми-8 и десантно-јуришни Ми-35.

Руските и турските војници реализираа заедничка операција на патролирање на територијата на Сирија која непосредно се граничи со Република Турција, соопштија за новинарите претставници на рускиот Центар за контрола на примирјето меѓу завојуваните страни кој делува во оваа држава.

„Руските и турските војници реализираа заедничко патролирање по комуникацијата М-4 која се наоѓа на сириско-турската државна граници, на крајниот североисток на оваа арапска република. Вкупната должина на зоната на патролирање изнесуваше 210 км“, рекоа официјалните претставници на центарот, што на својот сајт го пренесе руски веб-портал „Интерфакс“.

Претставниците на оваа организација додадоа дека двете воени колони се сретнале во населеното место Шејрек. Оттаму продолжиле понатаму по однапред утврдениот план. Целата група од воздух ја покривале борбено-транспортни хеликоптери Ми-8 и десантно-јуришни Ми-35. Овие хеликоптери го обезбедувале поширокиот радиус околу мешовитата воено-полициска колона која се состоела од оклопни возила.

Новата 35-ка претставува целосно нова машина со унапредени борбени карактеристики, која е значително поусовршена од својот претходник (хеликоптерот Ми-24). Се карактеризира со посовршена структура на хеликоптерската елиса која се доби со употреба на специјални композитни материјали врз база на фиберглас/стаклопластика, а која е применета и во случајот со ударниот хеликоптер од поновата генерација Ми-28Н. Потоа, значително е унапреден и проширен асортиманот на високопрецизно вооружување, како и напаѓачко-навигацискиот комплекс. Овие технолошки постапки обезбедија и продолжување на експлоатациониот рок на употреба на хеликоптерот на период и до 15 години. Применетите технолошки постапки во изработката на Ми-24ВМ (Ми-35М), во вкупен збир ја зголемуваат ефикасноста на леталото за дури два пати во однос на неговиот претходник Ми-24/Ми-25 и неговите бројни верзии. Спарените топови ГШ-23Л со калибар 23 мм се снабдени со борбен комплет од 450 гранати. Хеликоптерот е способен да носи наведувани противтенковски ракети „Штурм“ или „Атака“, како и ненаведувани ракетни зрна С-8 и С-13. Со хеликоптерот управуваат двајца членови на екипажот. Неговата максимална брзина е околу 300 км/ч, а тежината може да достигне 11500 кг. Претставува незаменливо борбено средство на територијата на Сирија, особено кога е во прашање обезбедување борбени колони и транспортни возила кои се движат низ високо ризични подрачја.

Во текот на оваа мисија руско-турска колона го надгледуваше прекинот на огнот меѓу завојуваните страни кои се наоѓаат во меѓусебен допир по должината на комуникацијата М-4, која инаку претставува пат од стратешко значење кога е во прашање транспортната патна инфраструктура во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња