Кинески медиуми: Во споредба со С-500 американскиот THAAD ќе изгледа беспомошно

Дмитриј Виноградов/Sputnik
Рускиот С-500 ќе ја затресе американската воена моќ, бидејќи нивниот THAAD ќе испадне немоќен во споредба со новиот противвоздухопловен ракетен систем, пишува кинескиот портал „Сина“.

„Ова е еден од примерите дека пандемијата не успеа да ги осуети плановите, војската како што е и очекувано, ќе го добие системот С-500 веќе кон крајот на оваа година. Тие можат да уништуваат и хиперсонично оружје и сателити во ниските орбити, како и вселенско оружје. Каков одговор на тоа може да понуди THAAD? Тој е дизајниран за стари системи, додека С-500 значително го надминува С-400. Дострелот е 50 отсто поголем, а висината и брзината речиси двојно“, пишува во текстот објавен на кинескиот портал.

THAAD е мобилен копнен противракетен систем наменет за пресретнување ракети со среден дострел на големи висини надвор од Земјината атмосфера.

И, како што забележуваат Кинезите, додека Американците се опуштија, Русија си ја обезбеди себеси позицијата на светски лидер во таа област.

„Грешката на Вашингтон беше тоа што премногу се фокусираа на потиснување на сите други за да го зачуваат своето лидерство. Меѓутоа, заборавија важна работа, а тоа е дека истовремено некако треба и да се развивате“, заклучува кинескиот новинар.

Системот С-500 може да пресретнува балистички ракети на која било делница од нивната траекторија, па и на вселенска, која е најсложена и каде што целта лета со брзина од неколку километри во секунда. Со појавата на „Прометеј“, ќе може да се зборува за противракетна одбрана на цели територии, а со сериското производство и усовршувањето на системот ќе биде обезбедена противракетна одбрана на земјата во целина. „Прометеите“ во системот на ПВО и ПРО на Русија го зазедоа местото меѓу армискиот систем С-400 „Триумф“ и стратешкиот систем А-135 „Амур“. „Триумфите“ ќе ги покриваат обичните цели, а специјализираните радари на системите С-500 ќе му помогнат на далекуметниот „Амур“ побрзо и поадекватно да реагира.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња