Експерт: Русија може да ја пресретне американската „супер-пупер“ ракета со системот С-500

AFP
Додека фалените американски ракети кои се 17 пати побрзи од звукот, а кои претседателот на САД Доналд Трамп ги нарече „супер-пупер“ ракети влезат во вооружувањето на американската војска, Русија ќе може да ги пресретне.

Ова за новинската агенција РИА „Новости“ го изјави главниот уредник на магазинот „Национална одбрана“ Игор Коротченко. Како што објасни тој, таквите хиперсонични цели може да ги пресретне противвоздухопловниот ракетен систем С-500 „Прометеј“.

Овој универзален систем со голем дострел и пресретнување на проектили на големи висини има зголемен потенцијал на ПРО со радиус на уништувачко дејство од околу 600 километри. „Прометеј“ е во состојба да ги уништи борбените блокови на хиперсоничните ракети.

Меѓутоа, со таквите задачи можат да се изборат и веќе постојните системи во Русија.

Противвоздухопловните ракетни системи С-400 и системите Бук-М3 и Тор-М2 кои се наоѓаат во вооружувањето на руската војска можат ефикасно да уништуваат хиперсонични цели, ги наведува агенцијата зборовите на својот соговорник.

Експертот исто така проценува дека САД заостануваат зад Русија во сферата на хиперсоничното оружје неколку години. Во својство на пример тој ги наведе хиперсоничните комплекси „Кинжал“ и „Циркон“, додека американските разработки допрва поминуваат низ тестирања.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња