С-500 ќе соборува метеорити: Кинезите го коментираа новиот руски систем

Дмитриј Виноградов/Sputnik
Кинеските аналитичари се убедени дека ракетните системи С-500 „Прометеј“ ќе можат да соборуваат метеорити. Претпоставката е дека првиот купувач на овој систем, кога ќе се појави во вооружувањето на руската армија, ќе биде токму НР Кина.

Кинескиот интернет портал Sina е уверен дека перспективниот ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ ќе може да ги соборува и метеоритите кои летаат во правец на Земјата.

Како што се наведува во текстот, руските противвоздухопловни и противракетни системи од година во година привлекуваат сѐ поголем интерес на меѓународниот пазар за оружје и воена техника. Парадоксално, најдобрата реклама за нив ја направи американската страна. Тие донесоа одлука да им воведат санкции на земјите кои се решаваат да го набават ракетниот систем С-400 „Триумф“, пренесува порталот Marsonline.

Во изданието се наведува дека усовршената верзија на системот С-400 (се мисли на С-500) ќе биде во состојба да ги уништи сите современи воздушни објекти. Тоа вклучува и пресретнување на метеорити кои доаѓаат од вселената. С-500 ќе може да постигне максимален дострел од најмалку 500 км. Истовремено ќе може да гаѓа и до 10 цели, пишуваат кинеските стручњаци.

Неодамна медиумите објавија текст во кој се претпоставува кој ќе биде првиот купувач на ракетните системи С-500. Секако, на прво место е заинтересирана НР Кина.

Во меѓувреме Пекинг и Москва потпишаа договор за испорака на системот С-400 „Триумф“. НР Кина е еден од водечките партнери кога е во прашање набавката на современо руско оружје, без оглед на сѐ поразвиената домашна воена индустрија.

Нешто околу новиот руски систем

С-500 ќе може да се бори против целиот спектар на воздушно оружје, вклучувајќи хиперсонични летачки објекти и боеви блокови на интерконтинентални балистички ракети. Основната „противавионска“ ракета што ќе ја применува системот С-500 ќе биде 40Н6. Таа ќе може да соборува цели на растојанија и до 400 км. Оваа ракета веќе се наоѓа во вооружувањето на системот С-400 како негов врвно оружје. За пресретнување балистички цели и хиперсонични летечки објекти се развива семејството ракети 77Н6. Овие ракети треба да ги заменат постарите модели 9М82 кои се наоѓаат во вооружувањето на системот С-300В.

Се смета дека „Прометеј“ ќе може да оствари ефективен хоризонтален дострел и до 600 км, додека висината на пресретнување на воздушните цели ќе биде драматично зголемена во споредба со претходникот С-400. Имено, новите типови ракети ќе овозможат борба со непријателските цели кои се наоѓаат во поблиската вселена. Новите можности на системот С-500 „Прометеј“ не ја исклучуваат можноста за соборување извидувачки сателити кои се движат во ниската орбита на Земјата.

Прочитајте повеќе: Што е познато за новиот систем на руската ПВО од типот С-500 „Прометеј“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња