Се појави фото од неуништливиот БТР-82А кој преживеа страотна експлозија во Сирија (ФОТО+ВИДЕО)

Слободан Ѓукиќ
Руската оклопна техника од ден на ден ги потврдува врвните експлоатациски карактеристики и екстремната борбена жилавост во зафатената од војна Сирија. Имено, во денешниот напад на терористичките сили во Сирија борбениот оклопен транспортер БТР-82А повторно го прикажа својот квалитет. Во експлозија на автомобил-бомба со голема разорна сила полесно се ранети тројца руски војници, додека возилото во целина остана функционално.

Експлозивна направа со голема разорна моќ е активирана во непосредна близина на пат на кој заедно патролираа мешовити руско-турски сили. Поради силната детонација рускиот оклопен транспортер во кој се наоѓаа непознат број војници запре во блиската шумичка покрај патот. Иако експлозијата е иницирана во моментот на наидување на руското оклопно возило, полесно се ранети само тројца војници кои се наоѓаа во транспортерот, додека возилото претрпе незначителна штета (нагоре оклопот од десната страна на возилото). Куполата остана неоштетена како и одниот дел со тркалата, каде што се видливи површински оштетувања без поголема деструкција.

Ова не е прв напад врз мешовитата руско-турска колона која патролира на патната комуникација М4 на северот на земјата. Кон средината на јуни оваа година терористите се обидоа да уништат руски оклопен транспортер БТР-82А кој се наоѓа во рамките на военополицискиот контингент на руската армија. Меѓутоа, ни тогаш тоа не им појде од рака, иако поставија покрај патот експлозивна направа еквивалентна на 50 килограми ТНТ. Оклопниот транспортер претрпе полесни оштетувања, а војниците кои се наоѓаа во него немаа загуби.

Нападите врз руско-турската патролна колона се многу чести во зоната Идлиб, како и на северот на земјата каде што се наоѓаат Курдите. Во тие напади масовно се користат масивни камени блокови, како и молотови коктели. Освен полесни оштетувања на површината на оклопните возила, не се забележани загуби меѓу руските војници кои мошне интензивно ги експлоатираат, што доволно сведочи за квалитетот и сигурноста на овие возила.

БТР-82А претставува модификација на оклопниот транспортер БТР-80. Експерименталните модели на ова возило се направени во 2009 година. Малку повеќе од четири години подоцна, оклопниот транспортер беше воведен во вооружувањето на руската армија. Масата на возилото изнесува 15400 килограми. Овој транспортер е способен да превезе до 10 војници со полна борбена опрема. Опремен е со дизел-мотор кој генерира 300 коњски сили. Благодарение на тоа, но и на погонот на тркала, БТР-82А на пат може да постигне брзина и до 100 км/час. При совладување на водени пречки, плови со брзина до 9 км/час. Со полни резервоари овој оклопен транспортер може да совлада пат во должина од 600 км.

Вооружен е со автоматски топ 2А72 кал. 30 мм во пар со митралез кал. 7,62 мм. Максималната брзина на стрелба што ја остварува овој топ е околу 300 гранати во минута. Енергијата на гранатата овозможува ефективна борба против непријателска жива сила на далечини и до 4000 метри, како и против лесно оклопна борбена техника до 2000 метри. Панцирната поткалибарна граната „Кернер“ кал. 30х165 мм може да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 30 мм која е навалена под агол од 60 степени, од растојание од 1000 метри. Модернизираните варијанти на овој транспортер (БТР-82АТ) можат да бидат вооружени и со противтенковски наведувани ракети „Корнет“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња