Личниот „тетеец“ на Михаил Калашников (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Михаил Калашников летото 1942 година доби полуавтоматски пиштол ТТ произведен 1933 година. Тоа оружје го следеше познатиот конструктор низ целиот живот.

Видеоприлог за овој пиштол објави концернот „Калашников“. Михаил Тимофеевич го доби ТТ кога командата на Средноазискиот воен округ донесе одлука да му го довери на конструкторот конструирањето нови модели на вооружување. Пиштолот му беше потребен за проучување и тестирање.

Калашников ја заврши својата служба во вооружените сили кон крајот на 1945 година. Потоа во армијата имаше статус на цивил. Требаше да го врати оружјето, но тој успеа некако да го задржи. Пиштолот го следеше до крајот на животот и тоа потполно легално. Сега се чува во Военоисторискиот музеј на артилеријата, инженеријата и врската.