Автоматскиот пиштол на Михаил Калашников, направен во текот на 1950-тите, е прикажан на видеоснимка. Оружјето е конструирано за куршуми 9×18 ПМ, но не е воведено во експлоатација.
Конструкторите во Советскиот Сојуз добија 1949 година задача да конструираат компактен модел на автоматско стрелечко оружје за армијата. Пиштолот мораше да има опција за единечна и рафална стрелба.
На конкурсот учествуваа Стечкин, Воеводин и Калашников. Победи пиштолот на Стечкин, кој сé уште се применува во специјалните единици. Моделот на Михаил Калашников не го помина изборот за тестирање на полигон.
Рамката на пиштолот „Калашников“ првично примаше 18 куршуми, а потоа е преправена да прима 20 куршуми. Пред примената на оружјето требаше да се извади од тврди корици кои се носат на каишот околу рамото. Пиштолот е долг 222 мм, широк 34 мм и висок 150 мм. Цевката му е долга 140 мм, а ефективниот дострел е 200 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче