С-500 „Прометеј” ќе биде во состојба да уништува хиперсонично оружје во непосредното опкружување на Земјата, изјави командантот на Воздушно-космичките сили на Русија Сергеј Суровикин во интервју за весникот „Краснаја ѕвезда”.
Претходно за тоа дека С-500 ќе биде способен да пресретнува цели неколку стотини километри од Земјата зборуваше генералниот конструктор на концернот „Алмаз-Антеј” Павел Созинов.
Според Суровикин, техничките карактеристики на С-500 овозможуваат овој систем да се класификува како прва генерација на противвселенската одбрана.
„Карактеристиките на противвоздушниот ракетен систем С-500 му овозможуваат на ова оружје покрај аеродинамични и балистички цели да уништува и хиперсонично оружје од сите модификации, исто така и во најблиската вселена“; истакна командантот, изразувајќи увереност дека во принцип во светот не постои пандан на овој систем.
С-500 „Прометеј” припаѓа на новата генерација противвоздушни ракетни системи „земја-воздух“. Тоа е универзален систем со голем дострел за висинско пресретнување со зголемен ПРО-потенцијал.
Овој перспективен систем е во состојба да уништува не само балистички, туку и аеродинамични цели (авиони, хеликоптери), како и крстосувачки ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче