„Противвселенско оружје“: Обелоденети можностите на ПВО-системот С-500 „Прометеј“

AFP
Поранешниот началник на противвоздушните ракетни трупи на Командата за специјална намена (ПВО на Москва), полковник во резерва Сергеј Хатилев, детално ја опиша улогата на новиот ПВО-систем С-500 во противракетната и противвоздухопловната одбрана на Русија.

Претходно заменик-министерот за одбрана на РФ Алексеј Криворучко соопшти дека „Прометеј“ во 2020 година ќе биде подготвен за испорака на армијата. Сега привршува тестирањето на компонентите на системот- механизмот за лансирање, мултифункционалниот радар, локаторот на системот за ПРО и детектирање на цели на голема оддалеченост. Особеност на системот С-500 е, меѓу другото, специјализација на средствата за детекција и наведување. Едни радари ќе покриваат обични аеродинамични цели -авиони и крстосувачки ракети, а други објекти во просторот надвор од атмосферата.

„С-500 е веќе противвселенско оружје. Овој систем може да неутрализира цели на висина од речиси 200 километри и во хоризонтален радиус од 600 км“, ги наведува весникот МК зборовите на Сергеј Хатилев.

Системот С-500 може да пресретнува балистички ракети на било која делница од нивната траекторија, па и на вселенската, која е најсложена и каде целта лета со брзина од неколку километри во секунда. Според мислењето на полковникот, со појавата на „Прометеј“ ќе може да се зборува за противракетна одбрана на цели територии, а со сериското производство и усовршување на системот ќе биде обезбедена противракетна одбрана на земјата во целина.

„Прометеите“ во системот за ПВО и ПРО на Русија ќе заземат место меѓу армискиот систем „Триумф“ и стратешкиот систем А-135 „Амур“. „Триумфите“ ќе покриваат обични цели, а специјализираните радари на системот С-500 ќе му помогнат на далекуметниот „Амур“ да реагира побрзо и поадекватно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња