Lada 4x4 си заминува од европските пазари

Lada.ru
Рускиот теренец, популарен меѓу Европејците, завршува со продажба на европскиот пазар.

Руското теренско возило Lada 4x4 наскоро ќе го снема од Европа, затоа што не ги задоволува еколошките стандарди.

До неодамна ова возило сé уште можеше да се купи во некои европски земји, на пример, во Германија, каде што основната верзија чинеше 11990 евра, а моделот 4x4 Taiga 12590 евра.

Според податоците на порталот CarSalesBase.com, во 2019 година во Европа биле продадени 2,9 илјади автомобили Lada 4x4, што беше најдобриот резултат за последните девет години. Уште 625 возила беа продадени во текот на првите четири месеци од 2020 година. Возилата кои доаѓаат на европскиот пазар го имаат истиот мотор кој е достапен и во Русија: бензински мотор од 1,7 литри со 83 коњски сили.

До неодамна брендот Lada во Европа продаваше и други модели, како што се Vesta и Vesta Cross, но и тие го напуштија пазарот. Така АвтоВАЗ дефинитивно се збогува од европската клиентела, што го потврди и германскиот Lada Automobile GmbH Deutschland. Извесен број возила дистрибутерите сé уште имаат на лагер, но и тоа наскоро ќе биде распродадено.

Враќањето на моделите на Lada во Европа е тешко да се предвиди. Тоа не е во согласност со новата стратегија на алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, чиј дел е и АвтоВАЗ. Според планот на алијансата, доминантна позиција на европскиот пазар ќе заземат Renault и Dacia.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња