Купуваш нов, го продаваш „како нов“:Кои модели „Лада“ најмногу му се исплаќаат на првиот сопственик?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На ранг-листата на автомобили од оваа марка на кои најбавно им паѓа цената, првото место го зазедоа Lada Largus и Lada 4x4.

Експертите на аналитичката агенција „Автостат“ ги споредија автомобилите Lada и ги издвоија моделите кои најмногу му се исплаќаат на првиот сопственик при продажба. Составија ранг-листа според само еден параметар: кој модел најмалку ќе изгуби на цена во текот на три години користење.

На крајот на првиот квартал на 2020 година првото место го зазедоа караванот Lada Largus и теренецот Lada 4х4. Тие три години по купувањето изгубија само 14% од првобитната цена.

На второто место се Lada Priora и Lada Granta (со механички менувач). Сопствениците на „Приора“ за три години изгубија 15,3%, а на „Гранта“  16,2% од првобитната цена. Во првата петорка се најде и моделот Lada Largus Cross, кој по три години користење задржа 83,6% од својата првобитна вредност.

Седанот Lada Vesta не е меѓу првите пет, затоа што верзијата со мотор 1,6 л и механички менувач по три години чини 81,2%, што значи дека „Веста“ за тоа време изгубила 18,8% од цената на нов автомобил. Ако се земат предвид тековните цени, овој модел до 2023 година ќе биде поевтин за нешто повеќе од 120000 рубли.