АвтоВАЗ претстави нови верзии на караванот Lada Largus

info.avtovaz.ru
Семејството возила LADA Largus за специјална намена продолжува да се шири. Во еден од продажните центри на LADA во Толјати беа претставени неколку нови верзии на караванот LADA Largus, возило за брза помош, ладилник, возило за превоз на деца со специјални потреби, како и амбулантни и возила за ветеринарна служба.

Иако на таа листа официјално се наоѓаат и модифицирани возила за превоз на инвалиди и кинолошка служба, тие не беа изложени.

Како што пренесува порталот „Автоновости дња“, Largus брза помош (1 310 900 рубли), Largus ладилник (1 285 900 рубли), возило за превоз на деца со посебни потреби (1 362 900 рубли) и такси за превоз на инвалиди, настанати се врз база на LADA Largus KUB со подигнат покрив и продолжен заден дел.

Во внатрешноста на караванот за брза помош се наоѓа место за лежење на пациентот и три седишта за медицинскиот персонал, како и ниша за сместување на опремата, конектори за електронапојување, како и дополнителни системи за греење и вентилација.

Возилата за превоз на деца со специјални потреби се со жолта боја, со портокалова специјална сигнализација, а во варијантата за лица со инвалидитет постои рампа на склопување и седиште што се врти.

Возилото за ветеринарна служба (989 900 рубли), амбулантното (959 900 рубли), како и автомобилот наменет за кинолошката служба настанаа врз база на класичниот „Ларгус“, а се разликуваат по бојата. Амбулантната верзија има место за носилка и две седишта за медицинскиот персонал, а во возилата за кинолошката и ветеринарната служба се наоѓаат две секции за превоз на животни со посебен клима-систем.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња