Експертите го пофалија обновениот познат теренец Lada 4x4

lada.ru
Кон средината на минатиот месец руските производители почнаа со производство и продажба на обновеното теренско возило Lada 4х4.

Според мислењето на стручњаците, претставената верзија го оправда називот „нова“. Во исто време, многумина возачи тврдат дека не забележиле значителни промени.

Модифицираниот теренец Lada 4x4 во суштина е и понатаму оној познат автомобил, опремен со современи технологии и обновен дизајн. Така новата верзија на возилото доби нови ретровизори, нова антена на покривот и светла за магла на пластичниот браник на верзијата Urban.

Во внатрешноста на автомобилот има многу повеќе измени, како што се, меѓу другото, новата позаоблена инструмент-табла, пространа касета, два приклучоци од 12 волти и обликуван плафон кој убаво се вклопува во целокупниот дизајн. Производителите се погрижиле околу удобноста на возачот и неговите патници правејќи го автомобилот да биде уште побезбеден благодарение на појавата на воздушни перничиња во седиштето на возачот. Според некои информации, производителите први планирале да вградат воздушни перничиња во воланот, меѓутоа тоа би чинело многу.

Обновениот теренец ќе може да се купи за 553900 рубли (околу 7900 евра). Експертите нагласуваат дека новиот модел им овозможува на сопствениците да уживаат во познатата атмосфера на ретро-автомобилот со многу поголем комфор.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња