Презентација на „Лада 4х4“
Комсомолскаја Правда/Global Look PressОбновеното легендарно руско теренско возило „Лада 4х4“ влезе во сериско производство, јавуваат руските медиуми. Според нив, 165 вакви возила се симнуваат секојдневно од производните линии на најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ.
Предвидувањата на списанијата за автомобили дека воланот на новиот теренец би можел да добие воздушно перниче се овистинија. Иако тие засега се склопуваат без странични воздушни перничиња, сигурно ќе се најдат наскоро во сериски произведените обновени „Лада 4х4“.
Во надворешниот изглед речиси и да нема новитети. Сепак, на покривот на автомобилот е поставена антена, а предниот браник има вградени светла за магла.
Посериозни промени доживеа внатрешноста на возилото. Дизајнерите се определија за нова инструмент-табла, а централната конзола е значително поергономска. И стандардното греење е значително подобрено со електричното.
Продажбата се очекува да започне во јануари или февруари следната година. Цената на возилото засега е непозната.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче