Што знаеме за новиот нуклеарен подводен дрон Посејдон?

Рускиот претседател Владимир Путин му се обраќа на Сојузното собрание, вклучувајќи ги и парламентарците на Државната дума, членовите на Советот на Федерацијата, регионалните гувернери и други високи функционери, Москва, Русија, 20 февруари 2019 година

Рускиот претседател Владимир Путин му се обраќа на Сојузното собрание, вклучувајќи ги и парламентарците на Државната дума, членовите на Советот на Федерацијата, регионалните гувернери и други високи функционери, Москва, Русија, 20 февруари 2019 година

Reuters
Новото оружје ќе може да генерира цунами од брегот на непријателот и да збрише сè што е му стои на патот со моќен удар.

Пролетта 2019 година, Русија ќе пушти атомска подморница со првиот нуклеарен дрон Посејдон, која ќе има неограничен опсег, изјави рускиот претседател Владимир Путин во своето годишно обраќање до Федералното собрание на Руската Федерација на 20 февруари.

„Подводниот дрон Посејдон, со неограничен опсег, успешно се испитува ... Во овој поглед сакам да направам една важна забелешка. Ова не беше споменато претходно, но денес може да се каже: Првата нуклеарна подморница која го носи овој беспилотен систем ќе биде пуштена оваа пролет“, рече шефот на државата.

Како што дознава Russia Beyond-Македонија од Министерството за одбрана на Руската Федерација, оружјето за кое зборува претседателот е „апсолутна реалност, а веќе и физички постои“.

„Ова оружје е стотици пати поевтино од кој било од системите што се распоредени против Русија. Од денес, успешно се завршени теренските тестови на подводните дронови Посејдон, а персоналот на идната платформа успешно ја помина обуката“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана кое е достапно за редакцијата на Russia Beyond-Македонија.

Според армијата, главната цел на новиот проект е да обезбеди гарантирана безбедност на Русија без зголемување на буџетските трошоци за одбраната и без Русија да биде влечена во нова трка за вооружување.

Детали за „тајниот“ проект

Целата работа на Посејдон е класифицирана како „строга тајна“. Токму тактичко-техничките карактеристики и јачината на боева глава не беа откриени од страна на војската, но тие споделија дел од информациите со Russia Beyond-Македонија.

Прво, Посејдон е составен дел од најновиот тренд во развојот на руското оружје на иднината. „Русија сака да се префрли на целосно автоматизирани системи на оружје и развој на беспилотни оружја за копнените сили, морнарицата и за воздухопловните сили“.

Второ, како дел од оваа работа, војската развила подводна машина која може да носи експлозивен полнеж или опрема за поморски извидувања на долги растојанија. „Во внатрешноста на Посејдон е инсталирана нуклеарна единица, која му овозможува на поморскиот дрон да патува неограничено растојание и да носи боева глава до местото на испуштање“, вели за Russia Beyond-Македонија извор од Министерството за одбрана.

И благодарение на поморските разузнавачки податоци за движењата на подморниците на трети земји и електронските карти на топографијата на морското дно, пловилото ќе може да мине низ која било одбрана и да ја испорача бомбата до целта.

Огнената моќ на Посејдон

„Посејдон е разработка на нуклеарниот торпедо-проект Т-15 од советската ера. Тој беше наменет за удар врз непријателските пристаништа и крајбрежните бази, предизвикувајќи огромно цунами и ударен бран да минуваат преку сите инсталации што лежат на нејзиниот пат“, вели професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.

Во советскиот период, вели тој, немаше соодветна подморница која би можела да послужи како платформа за испорака на торпедо, кое би било околу 23 метри во должина и 40 тони во тежина.

„Главната работа беше направена од батеријата, што му овозможи на торпедото да достигне брзина од 29 јазли (околу 48 километри на час). Советското оружје имаше дострел од околу 30 километри“, додаде тој.

Советското раководство планираше торпедото да биде испорачано до целта од нуклеарните подморници, но идејата не беше реализирана и остана како нацрт-концепт на оружје.

„Современата технологија овозможува да се имплементира проектот и да се намалат трошоците. Сега Посејдон ќе се приклучи на силите за одвраќање на Русија и ќе стане дел од нејзината нуклеарна тријада“, заклучува експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња