Американската разузнавачка служба го дознала времето кога „Посејдон“ ќе влезе во руската армија

Слободан Ѓукиќ
Американскиот телевизиски канал Си-Ен-Би-Си добил информации од воени разузнавачки извори во кои се споменуваат временски рокови за приемот на подводните нуклеарни дронови „Посејдон“ во единиците на руската армија.

Извори на овој медиум дошле до информации дека беспилотниот подводен апарати „Посејдон“ нема да влезе во оперативното вооружување на руската армија пред 2027 година, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

„Ќе го носи подморница, која ќе биде многу тешка за откривање. Таа ќе може да лансира беспилотен дрон опремен со нуклеарна боева глава, кој ќе биде многу тешка цел за пресретнување“, рече изворот за американскиот медиум. Американците уште еднаш признаа дека во овој момент нивниот воено-индустриски комплекс нема сличен проект кој би можел да му конкурира на рускиот беспилотен дрон „Посејдон“.

Овој извор смет дека во Русија се полагаат големи надежи во проектот за развој на автономен длабоководен дрон кој ќе го движи атомски реактор и кој во своето вооружување ќе поседува термонуклеарно оружје. Тоа според доктрината на Москва ќе биде сигурно оружје за возвратен удар „доколку во некој момент дојде до проблем во лансирањето на копнените ракети од составот на Ракетните сили за стратешка намена кои се произведени уште во времето на СССР“.

Што е всушност подводниот дрон „Посејдон“?

Се работи за беспилотно нуклеарно торпедо со интерконтинентален дострел кое може во од да ја менува траекторијата на своето движење. Според западни разузнавачки извори, овие подводни апарати ќе бидат опремени со термонуклеарно оружје. Имено, просторот за полезен товар (боевата глава) ќе има должина од 6,5 метри. Според наводите на американското разузнавање, толку големиот простор волуменски е доволен за во него да може да се смети боева глава со сила од 100-150 мегатони ТНТ. Неодамна руски извори пренесоа податок дека стратешкиот нуклеарен подводен дрон-торпедо ќе носи боева глава со сила од 2 мт. Покрај нуклеарна боева глава, тој ќе може да носи и конвенционална боева глава, што е сепак малку веројатно со оглед на цената на еден ваков „колос“ која секако не е мал за операции на тактички план.

Прочитајте повеќе: Американски експерти открија строго чувана тајна за руското оружје на апокалипсата „Посејдон“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња