Извор од руската воена индустрија кажа која нуклеарната платформа ќе лансира „Посејдони“

Министерство за одбрана на РФ
Се работи за нуклеарна подморница за специјална намена која наредниве години ќе влезе во оперативното вооружување на руската Воена морнарица. За каков тип подморница се работи и колку ќе може да носи џиновски дрон-торпеда „Посејдон“ прочитајте во продолжението на текстот.

Според изворот, првата платформа која ќе носи дрон-торпеда на нуклеарен погон „Посејдон“ ќе биде атомската подморница за специјална намена „Белгород“ која ја носи ознаката 09852 и која се довршува во бродоградилиштето „Севмаш“. Нејзиното прво спуштање во вода се очекува во вториот квартал од оваа година, пренесува рускиот интернет-портал „Взгљад“.

Од рускиот воено-индустриски комплекс напомнуваат дека сѐ се одвива со предвидената динамика. Блокот тестирања на оваа подморница ќе биде завршен до крајот на оваа година. Проекциите се руската воена морнарица во следната деценија на 21 век да влезе со оперативна подморница која ќе може да го носи можеби и најопасното оружје на денешнинината - длабоководното дрон-торпедо кое ќе има огромен дострел.

Постојат основани претпоставки дека нуклеарната подморница „Белгород“ ќе може да носи до шест беспилотни „Посејдони“.

Покрај тоа, изворот од руската воена индустрија ја допре и темата која се однесува на уште една нуклеарна подморница, која судејќи според сѐ ќе биде и платформа за „Посејдоните“. Се работи за проектот на подморницата 09851 „Хабаровск“ која исто така забрзано се гради. Нејзиното прво спуштање во вода се очекува во втората половина на 2020 година, а дефинитивен прием во оперативниот состав на руската Воена морнарица две години подоцна (до крајот на 2022 година).

На 20 февруари оваа година рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека е завршен блокот полигонски тестирања на длабоководниот нуклеарен беспилотен апарат „Посејдон“. И претседателот на РФ Владимир Путин го најави скорото воведување на подводната платформа за овие дрон-торпеда со интерконтинентален дострел.

Прочитајте повеќе: Американски експерти открија строго чувана тајна за руското оружје на апокалипсата „Посејдон“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња