Се појавија фотографии на макети на надувување кои верно ги имитираат руските противвоздухопловни системи со краток дострел 9К96 „Панцир-С1“. Со ова мошне квалитетно решение ефикасно можат да се збунат високософистицираните борбени средства на непријателот, пишува Mars.online.
Појавиле се фотографије макета на надувавање које верно имитирају руске противваздухопловне системе кратког домета 9К96 „Панцир-С1“ https://t.co/QdzkaBxK50pic.twitter.com/rvTijI6qqG
— Marsonline (@gvozdenavolja) March 11, 2020
Имено, руската воена индустрија посветува големо внимание на развојот на камуфлажни системи и лажни макети кои треба да го збунат непријателот. Овие макети се прават со големо внимание за што поверно да го претстават средството што го имитираат. Многу е тешко да се пронајде разлика меѓу вистинска и лажна мета, особено ако таа се детектира од летало што се наоѓа на висина од пет и повеќе километри. Исто така, покрај ваквите мети, постојат уште неколку „демаскирачки“ елементи кои се карактеристични за реалниот борбен систем. Сето тоа треба дополнително да го збуни пилотот/операторот кој управува со борбеното средство и да ги наведе многу скапоцените проектили на погрешен пат.
Претпоставката е дека со продадените системи се нудат и пакети лажни макети на надувување, маскирни мрежи и останатите производи што ги нуди руската воена индустрија. Слични средства е речиси извесно дека добила и сириската армија, која во своето вооружување има системи 9К96 „Панцир-С1“.
Неодамна турската армија објави видеоснимки на кои се гледа како нејзините ударни дронови уништуваат најмалку два „Панцира“ во Сирија. Подоцна, со анализа на тие снимки се дојде до заклучок дека најверојатно се работи за видеомонтажа (една снимка воопшто не е поврзана со Сирија).
Исто така, турскиот претседател изјави дека неговата војска во Сирија уништила дури осум ПВО-системи “Панцир”. Освен воената пропаганда, ова може да биде последица и на вештачката поставување макети кои неодоливо потсетуваат на средствата кои ги опишавме претходно.
96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел, наменет за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите современи и перспективни средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на времето од денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба.
Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива растојание до 5000 метри. Топови дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи против копнени и надводни цели.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче