Погледнете како претседателот Путин поздрави пар повеќенаменски ловци Су-30СМ (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Рускиот лидер Владимир Путин од палубата на ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ ја набљудуваше заедничката воена вежба на Северната и Црноморската флота во Црното Море. Во маневрите учествуваа повеќе од 30 бродови, една подморница и 40 летала, вклучувајќи и авиони-ловци Су-30СМ.

Вежбата се одвиваше на прилично немирното Црно Море, што е инаку сосем нормално за овој период од годината. Во еден момент над хоризонтот се појавија пар повеќенаменски ловци Су-30СМ од генерацијата 4++, поздравувајќи го претседателот. Тој се наоѓаше на палубата на ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, пренесува веб- порталот Marsonline.

Ударниот брод на руската Северна флота - ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“ припаѓа на класата бродови 1164 „Атлант“. Поради своето многу моќно ракетно вооружување, овој крстосувач се нарекува и „убиец на носачи на авиони“.

Во неговото вооружување се наоѓаат 16 лансирни единици кои содржат ист број на суперсонични ракети П-1000 „Вулкан“ со ефективен дострел и до 1000 км. Се работи за вистинско „чудовиште“ долго скоро 12 метри и тешко 8000 килограми. Нејзината крстосувачка брзина на ниво на море достигнува 2 маха, а ја уништува целта со пробојно-разорна боева глава која е наполнета со скоро половина тон високобризантен експлозив или нуклеарна боева глава со сила од 350 килотони.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња