МиГ-31К со хиперсоничен „Кинжал“ (ВИДЕО)

Ловци-пресретнувачи МиГ-31К наоружани со хиперсонични ракети „Кинжал“

Ловци-пресретнувачи МиГ-31К наоружани со хиперсонични ракети „Кинжал“

Слободан Ѓукиќ
Лет на ловец МиГ-31К со хиперсонична ракета „Кинжал“ прикажан на видеоснимка.

Снимката на социјалните мрежи ја постави блогерот fighter_bomber. Ловецот наоружан со хиперсонична ракета е снимен во лет во тек на редовното борбено дежурство.

Првите десет авиони МиГ-31К беа воведени во експлоатација во мај 2018 година. Ловците се распоредени во единиците на Јужниот воен округ.

Хиперсоничната ракета „Кинжал“ првпат беше тестирана на Арктикот во ноември минатата година. Беше лансирана од ловец МиГ-31К. Нејзината цел беше на копно, на полигонот Пембој североисточно од Воркута. Ракетата разви брзина од 10 маха.

Соопштението дека ракетниот систем „Кинжал“ е прилагоден на условите за експлоатација над Арктичкиот круг предизвика голема загриженост кај воениот врв на Данска. Доцентот на Данската академија за одбрана Клаус Матисен изјави дека модернизацијата на пистата на северниот архипелаг Земјата на Франц Јозеф ќе им овозможи на ловците МиГ-31К да извршат воздушен напад врз базата „Тула“ на Гренланд.

Треба да се истакне дека ракетата „Кинжал“ лета и маневрира со брзина поголема од 12000 км/час. Има дострел од над 2000 км, така што авионот што ја носи не мора да влегуваат во зоната на дејство на непријателската противвоздушна одбрана.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња