На Камчатка прикажано дејство на ракетниот систем „Кинжал“ (ВИДЕО)

Youtube
Руското Министерство за одбрана објави видео во кое се гледа судир на бродовите на Тихоокеанската флота со противнички противбродски ракети од различна класа.

Воените вежби беа реализирани во Охотското Море. Во нив учествуваше главниот брод на Тихоокеанската флота, ракетниот крстосувач „Варјаг“, потоа големите подморнички бродови „Адмирал Пантелеев“ и „Адмирал Трибуц“, разурнувачот „Бистри“ и корветата „Совершени“. Оваа група на бродови имаше задача да одбие масовен напад на противбродски ракети на условниот непријател. Нив ги обезбедуваа малите ракетни бродови „Мороз“ и „Разлив“, ракетниот чамец Р-79 и два мали противподморнички брода, кои во правци лансираа ракети-имитатори.

„Варјаг“ дејствуваше со моќниот противвоздухопловен систем со голем дострел С-300Ф „Форт“, како и со системите „Оса“. Големите противподморнички бродови „Адмирал Пантелеев“ и „Адмирал Трибуц“ отворија оган од ПВО-системите „Кинжал“, додека разурнувачот „Бистри“ го употреби системот „Ураган“, пренесува интернет-порталот РГ.

„Според податоците на објективната контрола, сите цели се успешно уништени“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Бродскиот противвоздухопловен систем „Кинжал“ е наменет пред сѐ  за заштита на бродот од масовни напади од воздушниот простор. Тој е унифициран со копнената верзија на ПВО-системот „Тор-М1“. Ракетите се сместени во модули кои имаат по осум лансери. На еден голем противподморнички брод од класата 1155 „Фрегат“ се наоѓаат осум вакви модули со вкупно 64 ракети. Овие ракети се наведуваат со помош на повеќеканален антенски пост опремен со радар 3Р95 со фазна антенска решетка. „Кинжал“ е во состојба истовремено да гаѓа четири цели со осум ракети.

Во вежбата паралелно учествуваа и пилоти од составот на воздухопловната компонента на Тихоокеанската флота. Два суперсонични ловци-пресретнувачи МиГ-31 полетаа со задача да детектираат и уништат ракета-имитатор „Малахит“, која тие успешно и ја извршија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња