„Сухој“ до крајот на 2022 година ќе ја претстави модернизирана верзија на ловецот-бомбардер Су-34(М)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Модернизираната верзија на ловецот-бомбардер ќе добие подобрен авионски радар со отворена архитектура, нов комплекс за навигација, а се планирани и подобрување на системот за индикација на информациите во кабината на пилотот. Модернизираната верзија на рускиот ловец-бомбардер Су-34 ќе биде комплетирана до крајот на 2022 година.

Модернизираната верзија на рускиот ловец-бомбардер Су-34 ќе биде комплетирана до крајот на 2022 година. Најголемото унапредување во однос на постојната верзија на воздухопловот ќе претрпи неговата радарска компонента. Имено, во план интеграција на нов радар со отворена архитектура, кој во однос на постојниот ќе има зголемени тактичко-технички способности. Ова за веб-порталот ТАСС го соопштија добро информирани извори во рускиот воено-индустриски комплекс.

„Во моментов се реализира фаза на опитно-кострукторски работи над модернизираната верзија на Су-34. Првиот опитен модел на леталото ќе биде склопен до крајот на 2022 година “, рече еден од соговорниците на рускиот медиум.

Друг извор исто така потврди дека развојниот циклус за модернизација на овој авион ќе трае наредните две години. Според него, „во бомбардерот ќе биде интегриран друг авионски радар, нов навигациски комплекс, а се планира и подобрување на системот за индикација на информациите во кабината на пилотот“.

Соговорникот додаде дека радарската станица на модернизираниот ловец-бомбардер Су-34 ќе има отворена архитектура, што ќе овозможи можност за вградување на дополнителни системи што се наоѓаат во опремата на другите авиони.

Во август годинава Министерството за одбрана на Руската Федерација и компанијата „Сухој“ потпишаа договор за модернизација на Су-34 врз основа на борбената примена на авионот во сириската кампања.

„Сухој“ Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО  Fullback) припаѓа на класата на тактички повеќенаменски ловци-бомбардери. Развиен е во KБ „Сухој“, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Неговата примарна намена се бомбардерски задачи, при што со употреба на ракети од класата „воздух-земја“ и авиобомби уништува широк спектар на копнени цели. Благодарение на неговата компатибилност со навистина обемната палета на воздухопловно вооружување, овој авион може да се бори против цели како на море, така и во воздухот.

Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронски пречки, што значително ја отежнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, како и непријателските екипажи на средствата за ПВО. Еден од најдобрите авиони на светот во својата класа. Борбено летало со веројатно со веројатно највисоките оцени за време на руската операција во Сирија.

Прочитајте повеќе: Зошто Русите го модернизираат авионот кој можеби се покажа како најдобар во операцијата во Сирија?