Зошто Русите го модернизираат авионот кој можеби се покажа како најдобар во операцијата во Сирија?

Слободан Ѓукиќ
Су-34 е еден од најдобрите авиони на светот кога станува збор за тактичките бомбардери. И покрај тоа тој во следниот период ќе мине низ фаза на дополнителна модернизација. Според информациите до кои има дојдено „Интерфакс“, веќе е потпишан договор помеѓу Министерството за одбрана и развојната компанија „Сухој“ која го разработува овој проект.

Повикувајќи се на доброупатени изводи од руската воена индустрија, Интернет-порталот „Интерфакс“ дојде до некои основни податоци кои се поврзани за најновиот пакет модернизации кој ќе биде применет на ловците-бомбардери Су-34. Имено, модернизираниот бомбардер ќе им пошироки борбени можности од основната верзија. Конкретно, планирани се сериозни технички зафати за унапредување на неговата авионика, како и способности за примена на перспективни борбени средства. Компанијата „Сухој“ веќе ја започна техничката разработка на проектот за модернизација на оваа врвна борбена машина, пренесува Интернет-порталот РГ.

Се поставува прашањето зошто е воопшто потребна модернизација на апсолутно нов авион (да потсетиме дека Су-34 е примен во вооружувањето пред пет години), кој веројатно ги покажа најдобрите резултати од сите ангажирани авиони во сириската кампања. Но, како што излегува, токму интензивната борбена експлоатација во претходните неколку години отвори простор за негово унапредување. Во руското Министерство за одбрана врз основа на сега веќе богатото воено искуство поврзано со овој авион, направена е листа на потреби кои ќе бидат имплементирани во модернизираната верзија на овој авион. Овој список е испратен до специјалистите на компанијата „Сухој“, кои веднаш се фатија за работа, а сето тоа набргу беше крунисано со потпишан договор.

Генерално, ваквата постапка воопшто не е чудна кога станува збор за руската воена индустрија. Познато е дека практично сите типови современо вооружување и воена техника кои се наоѓаат во вооружувањето на руската армија – од автоматските пушки и тенкови до балистичките ракети и нуклеарните подморници – постојано се модернизираат. Благодарение на собраните искуства од нивната интензивна експлоатација (голем број вежби со боево гаѓање плус борбени дејствија) создаваат оптимален пакет за модернизации кои ги зголемуваат нивните вкупни техничко-тактички карактеристики, како што се огнената моќ, ефективниот дострел на борбеното средство, неговата заштита итн.

Кога станува збор за авионот Су-34, идејата за неговата модернизација и не е некоја новина. Вакво нешто најави рускиот министер за одбрана генерал Сергеј Шојгу за време на минатогодишната посета на Новосибирската фабрика за воздухопловство „В.П. Чкалов“ каде се произведуваат овие авиони. Имено, тој во таа пригода истакна дека овој авион ќе добие определени подобрувања кои се засновуваат на неговата борбена примена во Сирија.

Се проценува дека Воздушно-космичката војска има потреба за опремување со најмалку 200 авиони од овој тип. Знаејќи за огромниот потенцијал на овој авион, руската воена индустрија од неодамна започна да прави извесни адаптации кои му овозможија на Су-34 да примени нови видови воздухопловно вооружување, потоа средства за противелектронска борба и сопствена заштита. Благодарение на тоа Су-34 во овој момент е исклучително ефикасна борбена машина. Тој е во состојба да примени наведувачки ракети од класата „земја-воздух“ Х-38 и Х-59МК2, ракети од класата „воздух-воздух“, како и наведувачки авиобомби КАБ-500 и КАБ-1500. Исто така, на краевите на неговите крила се наоѓаат контејнери од системот за противелектронска борба „Хибини“.

Сухој Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО Fullback) е тактички повеќенаменски ловец-бомбардер. Развиен е во КБ Сухој, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Тој е наменет за бомбардерски задачи, каде со употреба на ракети од класата воздух-земја и со авиобомби уништува широк спектар цели на земјата. Благодарение на компатибилноста со обемна палета воздушно вооружување, овој авион може да се бори против цели на море, но и во воздух. Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронско попречување, што во голема мера ја усложнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, но и непријателските екипажи на средствата за ПВО.

Погледнете како Су-34 со суперсонична ракета „Криптон“ уништи брод во водите на Каспиското езеро

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња