Ловец-пресретнувач МиГ-31БМ
Виталиј Анков/SputnikОвој заклучок на реномираниот весник кој се печати во една од основачките членки на НАТО, е поткрепен со фактот дека руската армија ја модернизирала пистата на архипелагот Земјата на Франц Јозеф, кој има способност за експлоатација борбената авијација, пишува познатиот дански медиуми Berlingske.
Во изданието се наведува дека Русија почнала да ги бере плодовите на своето засилено вложување во воената сила, која во континуитет трае веќе некое време. Еден од доказите за обемното унапредување на руските вооружени сили е и бргу санираниот пожар на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, каде со полна пареа продолжува процесот на неговата модернизација, како ништо да не се случило.
Во март 2018 година стана извесно дека Русија овладеала со технологијата на производство на ракета која ќе лета со хиперсонична брзина. Тогаш рускиот претседател Владимир Путин при своето обраќање пред Федералниот парламент ја спомена ракетата „Кинжал“. Во меѓувреме, дознавме уште неколку тактичко-технички параметри што ја карактеризираат оваа ракета. Прво, станува збор за ракета што ќе ја носат борбени авиони (ловец-пресретнувач МиГ-31К) и ќе се користи против површински бродови и веројатно копнени цели на условниот непријател. Второ, ракетата ќе достигнува брзина од астрономски 10 маха (10 пати повеќе од брзината на звукот). Трето, нејзиниот краен дострел ќе изнесува 2000 километри, благодарение на што авионите нема да мораат влегуваат во зоната на непријателската ПВО. И четврто, дека самата ракета е всушност модификација на проектилот што го користи ракетниот комплекс од класата „земја-земја „Искандер“.
Главната летечка платформа за ракетата „Кинжал“ ќе биде модифицираниот ловец-пресретнувач МиГ-31К кој може да достигне брзина поголема од 3000 км/ч, што е идеално за овој вид оружје. Имено, за да достигне брзина од 10 маха што е можно побрзо и да помине растојание од 2000 км, потребно е ракетата да се стартува при што поголема почетна брзина. Во моментов една ескадрила од овие авиони вооружени со ракети „Кинжал“ се наоѓа во опитно-борбена експлоатација во воздухопловните единици на Јужниот воен округ.
Приоритетни цели на ракетата „Кинжал“ се големите површински воени бродови (од бродови од класата на разурнувачи па нагоре). Ракетата е опремена со пробојно- разурнувачка боева глава тешка 500 килограми, која е способна да потоне или сериозно да оштети бродови со голем депласман.
Покрај ловецот-пресретнувач МиГ-31К, во перспектива се планира и интеграција на овој комплекс и со бомбардерите Ту-22М3 и повеќенаменските ловци од петтата генерација Су-57.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче