Првата пловечка нуклеарна електрана на светот го осветли најсеверниот руски град

Sputnik
Првата нуклеарна термоелектрана „Академик Ломоносов” во четвртокот, 19 декември, започна со производство на електрична енергија за изолираната мрежа на Чуан-Билибинскиот јазол во Чукотскиот автономен округ на Русија.

Приклучувањето на генераторот на пловечкиот енергетски блок на мрежата е извршено по синхронизацијата со параметрите на локалната електромрежа. „Росатом“ истакнува дека за жителите на градот Певек (најсеверниот руски град) денешниот ден е симболично одбележан: во градот при приклучувањето на пловечката електрана на мрежата се запалија светилките на новогодишната елка.

„Академик Ломоносов” ќе биде приклучен на грејните мрежи на Певек во 2020 година.

„Направен е значителен чекор на патот на развојот на Певек како нова енергетска престолнина на регионот“, смета Андреј Петров, генерален директор на „Росеенергоатом“ (дел од „Росатом“). Тој, исто така, истакна дека ова е многу важен чекор на патот на развојот на овој град како клучна алка на Северниот моски пат и како основа за развој на западна Чукотка.

Според Петров, главната задача за оваа година е успешно завршена, а задачата за 2020 година е првата пловечка нуклеарна термоелектрана да се вклучи во индустриското производство.

Со пуштањето на пловечката електрана во работа, бројот на активни нуклеарни станици во Русија ќе биде 11. Исто така, за прв пат во историјата на руската нуклеарна енергетика две активни нуклеарни станици ќе се наоѓаат на територијата на ист регион.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња