„Во Мурманск, на единствената пловна нуклеарна електрана на светот „Академик Ломоносов“, која е направена во капацитетите на ФГУП „Атомфлот“ со учество на специјалисти на „Балтички завод“, првиот од двата реактора РУ-1 е доведен на 10 отсто енергетски капацитет. Тоа значи дека на платформата дошло до ставање во погон на еден од двата реактора, и тоа на крмениот реактор“, соопшти концернот „Росенергоатом“.
Планирано е во блиска иднина двата реактори постепено да бидат доведени до номиналното ниво на моќноста.
Главниот стадиум на погонските операции е комплексното испитување на нуклеарниот реактор на пловната платформа кое почна на 25 ноември, а ќе трае до пролетта 2019 година. Есента 2019 година пловната енергоплатформа ќе биде донесена до пристаништето Певек на Чукотка, каде ќе ги замени нуклеарната електрана „Билибинска“ и топланата „Чаунска“.
Нуклеарната електрана „Академик Ломоносов“ со моќност од 70 мегавати е наменета за генерирање и дистрибуција на топлотна и електрична енергија за потрошувачите, а може да се користи и за дестилирање на морска вода. Станицата е опремена со два реактора КЛТ-40С, кои се способни за генерирање 70 мегавати електрицитет и 50 гигакалории по час топлотна енергија во номинален оперативен режим.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче