Тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 ќе биде претставен на парадата по повод Денот на Победата

marsonline
До одбележувањето на 75-та годишнина од Денот на Победата во Втората светска војна (9.05.2002), руската воена индустрија е должна да го заврши развојот на тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 и да обезбеди негова испорака на единиците на руската армија. Во план е новата техника да учествува и на воената парада, која е централната точка на одбележувањето на големиот празник.

Руското Министерство за одбрана планира да го претстави на воената парада по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна новиот тежок (пламенофрлачки) повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 и потоа да започне со испорака во единиците на руската армија. Ова го соопшти началникот на хемиската, биолошката и атомската одбрана на руската армија, генерал-потполковник Игор Кирилов, а неговите зборови ги пренесе веб-порталот ТАСС.

„До одбележувањето на 75-та годишнина од Денот на Победата во Големата татковинска војна (9 мај 2020), руската воена индустрија е должна да го заврши развојот на тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 и да обезбеди негова испорака на единиците на руската армија. Имаме во план  новото оружје да земе учество во ешалоните на борбената техника при реализацијата на воената парада на Црвениот плоштад“, рече рускиот генерал.

Според Кирилов, вооружувањето на единиците за РХБ на руската армија се одвива според планот. Тој потсети дека само оваа година под негова контрола се испорачани околу 350 парчиња специјална техника, вклучително и нови машини за правење чадни завеси како и комплекси за далечинско управување со аеросолно противдејство.

Патем, РБХ на руската армија денес слават 101 година од нивното формирање.

Претпоставката е дека перспективниот тежок повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 ќе биде монтиран на гасенична платформа „Армата“. Ракетната муниција што ќе ја користи овој систем веројатно ќе остане со ист калибар (220 мм) како и кај претходните верзии на системите ТОС-1 и ТОС-1А, меѓутоа, ќе има поголем дострел и уште поефикасна боева глава.

Ракетите опремени со термобарична боева глава гарантираат уништување на непријателите на отворен простор. Ракетна салва од овие орудија е исто така исклучително ефикасна и против непријател кој се наоѓа на ридско-планински терен, како и во изградени утврдувања.

Треба да се додаде дека благодарение на примената на новата платформа, оклопната заштита на системот ТОС-2 ќе биде повеќекратно зголемена.

Прочитајте повеќе: АКТУЕЛНО: Неименуван извор од руската воена индустрија проговори за новиот систем „Тосочка“

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња