Застрашувачките повеќецевни лансери ТОС-1А „Сонцепјок“ добиваат нова генерација ракети (ВИДЕО)

marsonline
Тешките гасенични ракетни фрлачи ТОС-1А ќе го зголемат својот ефективен дострел благодарение на воведувањето на новата генерација муниција со калибар 220 мм. Првите единици кои ќе ги добијат новите ракети се наоѓаат во составот на Централниот воен округ.

„Во близок временски период очекуваме усвојување на новата генерација ракетна муниција. Поради зголемувањето на ефективниот дострел на новите ракети во опсег од 1,5-2 пати во однос на стандардната муниција, ова средство ќе може да дејствува по непријателот од безбедно растојание. Ова значително ќе ја намали можноста за возвратен удар и ќе го зголеми степенот на преживување на артилериско-ракетните единици на фронтот“, рече за интернет-поралот ТАСС генерал-мајор Валериј Василев, началник на силите за АБХО на Централниот воен округ.

Што се однесува до ударната моќ на тешките повеќецевни ракетни лансери ТОС-1А „Сонцепјок“, тука и понатаму сè останува во најдобар ред. Тоа беше јасно демонстрирано при дејството на батерија од овие средства по непријателските цели во рамките на Центарот за воена вежба за стратешката командно-штапска воена вежба „Центар-2019“.

Ракетите опремени со термобарична боева глава гарантираат уништување на непријателите на отворено. Ракетна салва од овие орудија е исто така исклучително ефикасна и против непријателот кој се наоѓа на планински терен, но и во изградени утврдувања, пренесува интернет-порталот РГ.

Меѓутоа, основниот проблем на овие орудија е релативно скромниот ефективен дострел на ракетите, како и слабата оклопна заштита што бара употреба на тактички специфики при нивната употреба, бидејќи овие системи мора добро да се приближат до предниот крај на непријателската одбрана. Овој проблем дефинитивно ќе биде елиминиран со воведување во вооружувањето на новата генерација ракетна муниција за овие системи која, пред сè, ќе се одликува со значително поголем дострел.

Најновата модификација на ова средство значително внимание посвети и на зголемувањето на својата оклопна заштита. Така одната шасија на овој систем, која е всушност позајмена од ОБТ Т-72 на горниот преден дел и бочните страни е заштитена со плочи со реактивен оклоп. Унапреден е и квалитетот на гасеничната лента, а исто така е зголемена и моќноста на основниот мотор која сега достигнува 840 КС.

Минатата година во Алтајскиот регион беше формиран самостоен ракетен баталјон опремен со средства ТОС-1А „Сонцепјок“. Овој тип орудие ја докажа својата ефикасност во локалните конфликти од поново време (Ирак, Сирија).

Прочитајте повеќе: БЕЗ КОМЕНТАР: Погледнете удар на батерија орудија ТОС-1А (ВИДЕО)

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња