АКТУЕЛНО: Неименуван извор од руската воена индустрија проговори за новиот систем „Тосочка“

ТОС-1А

ТОС-1А

Youtube
Новиот руски тежок повеќецевен ракетен лансер „Тосочка“ (руска класификација „пламенофрлач“) ќе има елементи на вештачка интелигенција и ќе биде значително покомпактен – со помали димензии во однос на своите претходници ТОС-1А „Сонцепјок“/ „Буратино“.

„Во овој момент го тестираме ТОС „Тосочка“, кој ќе се разликува од претходните верзии со имплементација на елементи на вештачка интелигенција, како и зголемен ефективен дострел на орудието. Овој систем претрпе и одредени промени во дизајнот, така што сега изгледа многу поубаво: подобрена е неговата ергономија, така што овој систем во моментов нема конкуренција во светот“, изјави неименуван извор од руската воена индустрија, пренесува интернет-порталот Marsonline.

Неодамна генералниот директор на компанијата „Техмаш“, која се занимава со развојот на овој систем, рече дека следната година ќе биде завршен блокот тестирања за новиот тежок ПРЛ „Тосочка“. Денес стана јасно дека основната платформа на која ќе се базира овој систем ќе биде на тркала, за разлика од претходниците ТОС-1А „Сонцепјок“/„Буратино“, кои беа на гасеници.

„Платформата на тркала е избран врз основа на борбените искуства од Сирија и Ирак. Пневматиците обезбедуваат изведување на брз оперативно-тактички маневар на големи растојанија. За разлика од гасеничарите, ова возило нема да бара поширока логистика за транспортирање како разни приколки и тегначи кои се користат со цел зачувување на ресурсите на моторот, но, исто така, и за заштита на патната комуникација од оштетувањата што ги прават тешките гасеници. Едноставно, платформата на тркала има далеку подолг употреблив ресурс и секаде стигнува на време, без претходна подготовка“, истакна неодамна воениот експерт Алексеј Леонков.

За новиот ракетен лансер пишуваше и германскиот магазин „Штерн“. Тие соопштија дека Русија работи на модификација на ТОС-2 која ќе биде инсталирана на платформата „Армата“ или на единствената борбена платформа „Бумеранг“, со тоа што прототипот веќе се наоѓа во производство. Списанието пишува дека таков фрлач на пламен повеќе нема никој освен Русија и регуларната сириска армија.

Прочитајте повеќе: Германскиот печат пишува за „најстрашното оружје на Русија“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња