Од државната компанија „Рособоронекспорт“ истакнуваат дека на Црниот континент најмногу се бараат копнени и воздушни средства за транспорт на специјални единици и нивната опрема. Конкретно, во прашање се оклопните транспортери БТР-80А и БТР-82А, борбените возила на пешадијата и борбените возила „Тигар“, како и транспортно-борбениот хеликоптер Ми-35М и военотранспортни хеликоптери од типот на Ми-17.
Како и досега, и денес постои голем интерес за руското стрелечко оружје и средствата за блиска борба, како и за вооружувањето и опремата на специјалните единици, за несмртоносното оружје и специјалните технички средства. Најголеми увозници на руско оружје на ова подрачје се Алжир, Ангола, Египет, Судан и Уганда.
Русија во овие земји извезува како постојно оружје (од арсеналот на својата армија), така и ново, направено по нарачка.
Официјалните претставници на „Рособоронекспорт“ во повеќе наврати истакнуваа дека Африка е еден од приоритетните и перспективни руски пазари. Економските можности на различни африкански земји силно варираат, но оваа државна компанија интензивно соработува со сите партнери на Црниот континент.