Еден од главните извозни адути на руската воена индустрија – повеќенаменскиот ловец од генерацијата 4++ Су-35
Слободан ЃукиќРусија планира и годинава да оствари обем на извоз на оружје, воена и специјална техника во висина од околу 13 милијарди американски долари. Ова во интервју за интернет-порталот ТАСС го изјави генералниот директор на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев.
„За претходните три години Русија остваруваше извоз на оружје, воена и специјална техника во вредност од околу 15 милијарди американски долари на годишно ниво. Обемот на испорака на воена техника преку компанијата „Рособоронекспорт“ во 2018 година достигна цифра од 13,7 милијарди американски долари. Ние сме уверени дека и годинава можеме да оствариме сличен резултат“, рече Михеев.
Тој напомена дека најголемите извозни зделки се реализирани со земјите од Азиско-Тихоокеанскиот регион, Блискиот Исток и Северна Африка. Половина од вкупниот извоз (50%) сочинуваше воздухопловната техника, додека второто и третото место го зазедоа системите што ги користат единиците на копнената војска и средствата за противвоздухопловна одбрана (секоја по 20% од вкупниот извоз). Техниката што ја користат морнаричките единици ја зазеде четвртата позиција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче