Купопродажниот договор меѓу двете држави беше потпишан за време на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019, пренесува рускиот медиум „Ведомости“, повикувајќи се на извори од алжирскиот воен блог MenaDefense.
Неименуван извор од руската воена индустрија ги потврди овие сознанија. Според него, Алжир нарачал 16 ловци Су-30МКИ(А) и 14 ловци МиГ-29М/М2, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Вкупната сума на договорената зделка се проценува на 1,8 милијарди американски долари. Со купувањето дополнителна опрема за овие авиони, вкупниот износ сигурно ќе надмине 2 милијарди долари.
Во август 2018 година во руските медиуми се појави информација дека Русија и Алжир водат тајни преговори за купување ловечка ескадрила опремена со авиони МиГ-29М/М2.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче