На видеоматеријалот што го направи Тв-каналот „Ѕвезда“ можеме да видиме на кој начин се тестира борбеното возило на пешадијата кое, најверојатно, поминало ремонт во едно од бројните претпријатија на рускиот воено-индустриски комплекс. Од него може да се види како возилото совладува многубројни пречки, вклучувајќи и водена површина, но и како дејствува од основното вооружување.
Интернет-порталот РГ веќе информираше дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу напомена дека во претходниот период (се мисли на 2019 година – заб. на преведувачот) војската добила повеќе од 1100 единици современо вооружување, воена и специјална техника. Од овој број околу 20% отпаѓа на обнова н оклопната борбена техника, вклучувајќи го и БМП-3.
БМП-3 е руско амфибиско борбено возило на пешадијата, директен наследник на БМП-1 и БМП-2. Воведен е во вооружувањето на советската армија уште во 1987 година, кога за прв пат беше прикажан во јавност. Неговата основна намена е борба против широк спектар на копнени цели (ж/с + оклопни возила), вклучувајќи ја и борбата против летачките објекти. Во основната конфигурација, БМП-3 е вооружен со топови 2A70 калибар 100 мм споен со автоматски топ 2A42 калибар 30 мм. Од помошно вооружување има уште три ПКТ со кал. 7,62 мм. Во последно време се експериментира со вградување на модерната купола „Епоха“, како и со новиот топ со исклучителни тактичко-технички карактеристики АУ-220 со калибар од респектабилни 57 мм.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче