Американски медиуми: новиот купувач на руски ловци Су-57 би можел да биде големо изненадување

Повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57

Повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57

Youtube
Благодарение на големиот успех на руската воена индустрија кога се работи за пласман на оружје во глобални рамки, американските медиуми сè повеќе зборуваат за високиот извозен потенцијал на ловецот од петтата генерација Су-57. Имено, покрај истакнувањето на сите предности на Су-57 во однос на своите претходници, руската кампања се фокусираше и на неговата цена за набавка, која ќе биде многу пониска од неговите конкуренти. Токму овој дел е клучен за земјите кои се со ограничени куповни ресурси.

По најавата за почеток на масовно производство на авионот-ловец од петтата генерација Су-57, кој во следната деценија ќе ги пополни руските ВКС со повеќе од 70 апарати, започна и неговата интензивна маркетиншка промоција во странство. Благодарение на уникатните летечко-технички и тактички карактеристики, повеќенаменскиот борбен авион со ореол на ловец - Су-57, може подеднакво ефикасно да се употреби и против непријателските поморски и копнени цели.

Неколку земји кои претставуваат традиционални купувачи на врвно руско оружје, како што се Алжир, Виетнам, Индија, Кина, од неодамна и Турција, веќе покажаа јасен интерес за набавка на извозните верзии на овие летала. Меѓутоа, во последно време се појави уште една држава која сака авиони од петтата генерација во нејзиното вооружување. Според наводите на американскиот сајт на MilitaryWatch, во прашање е Република Мјанмар!

Сознанијата за можно проширување на продажбата на најновите руски ловци на просторот на Индокина се појавија врз основа на, регистриран во последно време, силниот динамичен развој на воено-техничката соработка меѓу Русија и Мјанмар. Основата на военото воздухопловство на оваа република се состои од лесни тактички ловци Миг-29. Меѓутоа, плановите на Мјанмар за опремување на своето воздухопловство налагаат набавка на летала од потешка категорија. Така, минатата година во Русија беше потпишан договор за набавка на шест повеќенаменски ловци Су-30 од генерацијата 4+, со што во значителен обем ќе се зголемат оперативните можности на мјамнарското воено воздухопловство.

Меѓутоа, судејќи според сѐ, највисоките раководители на оваа ѝ фрлиле око и на извозната модификација на ловецот од петтата генерација Су-57. Имено, покрај истакнувањето на сите предности на Су-57 во однос на своите претходници, руската кампања се фокусираше и на неговата цена за набавка, која ќе биде многу пониска од неговата конкуренција. Токму овој сегмент е од решавачко значење за земјите кои немаат неограничена куповна моќ, а кои во исто време од технолошка гледна точка сакаат да имаат многу моќни вооружени сили.

Покрај извонредните летечко-технички карактеристики кои ќе му овозможат на новиот ловец способност за суперманеварбилност и голем долет, особено се истакнува оружјето што овој авион ќе може да го носи, пренесува интернет-порталот РГ.

Што се однесува до руската верзија на овој авион, се појавија информации дека во неговото ќе се најде и хиперсоничната ракета со голем дострел од класата „воздух-вода/воздух-земја“ - „Кинжал“. Овој авион, покрај специјално модернизираниот ловец-пресретнувач МиГ-31К, ќе биде уште една летачка платформа која ќе ги има овие ракети во своето вооружување.

Извозните верзии на Су-57 ќе добијат нови далекуметни ракети од класата „воздух-воздух“ (се разбира експортните модификации) како што се Р-37М и евентуално К-77.

Првата ракета според денешните стандарди спаѓа во оружјето со екстремно голем дострел. Р-37М е долга 4,06 метри и тежи повеќе од половина тон. Максималниот дострел на ракетата е над 300 км (експортната модификација до 200 км), додека зоната на уништување во висина е во опсег од 0,015-25000 метри. На својата траекторија постигнува брзина 6 пати поголема од брзината на звукот. Се карактеризира и со исклучително моќна фрагментарно-разорна боева глава која на потенцијалната цел не ѝ остава никакви шанси за преживување. Во завршниот дел од својата траекторија се наведува на целта со помош на активна радарска глава за самонаведување. Таа има способност да ја зафати целта на далечина од 40-50 км (систем пукај и заборави).

Што се однесува до ракетата К-77, таа ќе биде со среден дострел и за неа може да се чуе дека ќе биде еден од најдобрите производи на руската конструкторска мисла кога станува збор за ракетна технологија. К-77М овозможува соборување на високоманеврирачки цели на растојанија и до 180 км, а ќе ја напојува набојно-млазен мотор. Затоа сè уште е отворено прашањето дали овој модел на ракета ќе биде реализиран и во извозна верзија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња