Руски вселенски сателит стапи на борбено дежурство

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Вселенски апарат на Министерството за одбрана на Русија стапи на борбено дежурство. Со него ќе управуваат копнените средства на Космичките сили.

Со апаратот се одржува постојана врска, соопшти одделението за информирање и медиуми на Министерството за одбрана на Русија, пренесува весникот „Росијскаја газета“.

Во четвртокот, 26 септември 2019 година, во 10:46 часот од државниот истражувачки космодром Плесек во Архангелската областа, беше лансирана е ракета-носач од средна класа „Сојуз-2.1Б“ со вселенски апарат за воена намена. Сателитот пристигна во планираната орбита.

Како што додава одделението за информирање и медиуми на руското Министерство за одбрана, системите на вселенскиот апарат функционираат нормално. Апаратот ја носи ознаката „Космос-2541“.

Тестирањата на ракетата–носач од серијата „Сојуз-2“ почнаа во Плесецк во ноември 2004 година. За тоа време се лансирани 40 ракети „Сојуз-2“ од фазите на модернизација 1а, 1б и 1в. Во 2019 година ова е веќе четврто лансирање на ракета–носач „Сојуз-2“.

Прочитајте повеќе: Вселенска „матрјошка“: Кинезите го свртуваат вниманието кон таен руски сателит