Контролата над вселенското летало на руското Министерство за одбрана, кое е лансирано во четвртокот од космодромот Плесецк со помош на ракета „Сојуз-2.1б“, ја презедоа копнените средства на Воздушно-космичките сили, соопшти Одделението за информации и масовни комуникации на министерството.
„Вселенскиот апарат лансиран за потребите на руското Министерство за одбрана од космодромот Плесецк во Архангелската област е сместен во пресметаната орбита во предвиденото време и е преземен за контрола од копнените средства на Воздушно-космичките сили“, прецизира Министерството за одбрана на РФ.
„Воспоставена е стабилна телеметриска конекција со леталото и таа се одржува. Системите на леталото функционираат нормално“, се наведува во соопштението.
„По преземањето на контролата над вселенското летало, нему му е доделен редниот број „Космос-2528“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче